повие св.

повие (св.)

Воловарчињата најмногу ја имале таа можност зашто секаде наоколу се просторни ридишта со богати пасишта врз кој овој летен ден сонцето припечуваше, а ветерот го повиваше чипецот и им ги палеше обравчињата на децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Смирени се повиените гранки по посланата тишина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се наведнува, го збира, и пак го тутка, го гмечи со палецот, го витка, небаре дете да повива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И после го кутна болеста и мајка, ко дете, го повива, го расповива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со скутините и со шамијата од глава ја повивме. На две - на три.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го гледам: повиено во бели пеленки од УНРА, но со извадени рачиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сѐ сама ќе го повивам, ќе го расповивам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лекарите ми ја чистат, го требат месото скапано и пак во гипс ми ја повиваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Настана молк. Тишината ја пресече плачот на братчето кое мајка ми го повиваше и го остави да цица од козата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За третиот и самата не знам што да речам: сум била убаво повиена и оставена пред црковните порти во Чифлик.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред куќата беше поставен воен камион со неколку исплашени војници и еден ранет и набрзина повиен подофицер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Орде Годивец го оставаше почтително својот кум од десната страна, а овој врвеше полека, нога за нога, мршав и височок, со малце повиен врат и една така блага, сепростувачка усмевка на лицето, како да е некој нов Исус, што веќе многу години влече невидлив крст по бескрајна Голгота и од тоа му се повиени рамениците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Инаетот очи вади. Инаетот очи вади, глава крши, но не се повива...“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Седи, ја гледа и во мислите го брои времето од нејзиното повивање до денес.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја виде само воловарчето, кое на врат на нос потрча во селото и задишано, удирајќи со стапот на дабовата порта, на сет глас викаше: - Бабо, бабо, дај ми муштулук, тетка Фимка пови чупче!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш кога Фимка ги повиваше своите рожби времињата најчесто се памтеа по лошото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)