пограничен прид.

пограничен (прид.)

Се движевме во правец на пограничното место на Чешка - Теплице.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека прислужникот на училиштето влегуваше и излегуваше да донесе кафе и ракија за честење, Комисијата ја објасни целта на своето доаѓање; кажа дека треба да изврши проверка на местата од овој пограничен реон: да се одбележат синорите, да се изврши маркирање на теренот срамнувајќи го со картата во која е уцртана границата, односно да се изврши разграничувањето меѓу двете држави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Настрана патриотскиот фолклор во кој врз географските карти на Франција истокот се прекрива со црнина, настрана децата што на бадник учат да пеат O, Tannenbaum! во слава на малите Алзашани, настрана школските одреди кои, со бајонети на пушките и со главите покриени со беретки со црвена туфна, дефилираат извикувајќи: „Алзас и Лорена ни ги земавте / но срцето нема да ни го грабнете“ - од тој пограничен сукоб избива еден вистински филозофски спор што останува со најголем значај.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А и градов не е негде прикрај на империјата, тој си е токму во центарот и чуван си е сам од себе, од големите пространства и далечините што го делат од опасните боишта и несигурните, секогаш променливи погранични земји.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се распраша за неа и дозна дека е жена на офицер, покрстена Еврејка од Војводина, дека маж ѝ последнава година служи во погранична единица, дека ја посетува на неколку денови во месецот, додека останатото време таа останува сама во куќата.  Шабтај се врати скршен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Слободата на движење од полноќ до сабајле скоро секогаш беше нарушувана од џандари у цивил кои хараа по скотските улици, но никогаш немаа мадиња да навлезат во пограничните скотски села каде наголемо се продаваа сите видови дрога.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)