подмладок м.

подмладок (м.)

Затоа Тоде и неговите не се ни обидоа да ја обноват старата господарска зграда, туку си подигнаа други две, помали и модерни, во ливадчето зад некогашниот свињарник, во она што служеше порано за излачување на добиточниот подмладок.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Заедно со живеалишните и добиточните згради, со живинарниците, кошарите и амбарите, со гумната и оградите за излачување на добиточниот подмладок, со бунарите и коритата за пиење на добитокот и со родните дрвја, Имотот, на садриазамот му се чинеше, се простира до во недоглед.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По тренингот на подмладокот започнува натпреварот меѓу екипата од седмите и екипата од осмите одделенија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кошаркарскиот подмладок тренира во сабота претпладне на теренот зад училишната зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Мора да ги усвојувате сите организациони работи“ напомена претседателот Томе - „в година ние ќе си заминеме во средно, а вие ќе сте осмо, па ќе треба и да раководите, и да работите, и да оспособувате подмладок.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Управата своеобразно располагаше со буџетот, за што сведочеа и отворените пијанки во домаќинството, и најмногу да се грижеше да ги намири донекаде постарите ученици, додека нас, подмладокот, нѐ оставаше да се помачиме малце.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Можеби тука се криеше причината зошто Претседателот, на телевизија, ветуваше финансиски надомест за секој нов подмладок во државата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Портретот на насмеаниот ветерански син во зелената униформа на гардискиот подмладок кој во септември треба да тргне во градската гимназија,со руса залижана коса и бледа кожа му дојде на Александар како џокер во надополнувањето на неговата приказна за ветеранската идила.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во двете соби на првиот спрат, каде порано беше стрелачката дружина, сега се имаше раскомотено подмладокот на патриотската гарда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Одвреме–навреме ќе се најдеше некој амбициозен гардиски поручник, желен за ловорики, кој што ќе го подбуцнеше подмладокот на гардата да им ја растури партиската трибина или да претепаат некој сопартиец на Љупчо, но тоа не беше голем проблем.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)