порази (св.)

Макар што кај сиромашните семејства стравот влегува од едната, а излегува од другата врата, нас речиси однапред нѐ поразуваше помислата дека некој може да ни ги одземе, да ни ги убие козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, неговата одлука да се откаже од веќе родениот и потпораснат син, заради раѓањето на друго дете, со оваа друга жена, како да го порази.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Можеби она лудачко поместување во умот навистина може да се случи: таа мисла го порази.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите видовме дека Филозофот е поразен, дека нема веќе што да каже.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но запомнив дека токму под таа карпа тој цар на тоа силно, сјајно царство земно, поразил некој друг цар и потем заповедал на карпата да се вреже натпис што вечно ќе говори за неговата слава на овој свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа втора акција (палењето на паробродот) ги натера да затреперат сите: Турци, Евреи, Грци, Европејци103 - сите беа поразени од невидливата рака што висеше над градот и му се закануваше да го запали од сите страни...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не знам дали и колку ви е налутена но знам дека длабоко ја порази вашето однесување“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Сиот Израел, нашите родени браќа нѐ поразиле кај Гибеја, за потем да поништат сѐ – жени, деца, старци, по сите наши градови и села, се водени од желбата за освета, за крв“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Истовремено ме поразуваше неговата великодушна доброта: тој мине преку сето, иако заправо во ништо не сум му нужен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Така, наскоро дојде до капитулацијата на Италија, до настапот на сојузниците во Сицилија, сѐ почестите англо-американски бомбардирања на окупираниот европски континент, додека на Закинтос се случи примопредавање на власта од солдатеската на Мусолини, на веќе поразуваната, но и раздразнетата Хитлерова војска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да беше дошла зиме, кога и убоста е некако притеснета и скрита во себе, можеби немаше така да го порази Соколета уште од првиот поглед, ќе свикнеше тој постепено со нејзината појава како со нешто обично.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По двомесечна опсада здружената полска и австриска војска ги поразила Турците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Порази ја мојата дивина Длабочина во плитката совест всади О, Мајавади, вие сте мојата неисцрпна филозофија О, Софија, биди ми приказ за реалното и не измачувај ме со идеалното Скромност подели за нас грешните Во дните на покајување искористи ја нашата слабост Ние овдешниве не прифаќаме совет Казни нѐ!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
По наговор на Кантакузин Османлиите се истовариле на Балканот и кај Стефанија поразиле еден одред на српската коњаница.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сфатив дека станува збор за Роза. Сознаниево ме порази.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но големите места ни пркосат И нѐ поразуваат.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
На полигоните постојано беа убедувани дека ќе им требаат само два - три дена, најмногу пет за да го скршат и поразат противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеше да изнајде безброј други аргументи за да не го прифати предлогот на Климент Камилски да им објават војна на опасните османски зборови во нивните балкански јазици, во која не знаеше однапред дали ќе бидат победници или поразени.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Згрозеноста од предметот го натера градоначалникот на Обурн Хилс, Том Мекмилин, кој претходно успешно агитираше и порази една уредба за граѓанските права во Ферндејл, Мичиген, да се номинира за испразнетото место во Одборот на повереници на Универзитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)