порозен прид.

порозен (прид.)

Неусогласеноста меѓу изгледот и облеката се очитува и во нејзиниот сон во подземните одаи на пирамидата, во кои најнапред е запленета како наивен, изгубен турист, каде останува како доброволна љубовничка на фараонот - Сонце, синот на порозната сфинга.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лицата, бели и порозни како креда, усните – розов лакмус натопени во киселините на воздушните честички, косите – црни, блескави кациги, сепак проѕирни, со темни, но речиси фосфоресцентен отсјај, низ кој како да се наслушнуваше пискавиот чрчор на невидливите, атомичести колибри!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А сега? И натаму во топлината на песокот ја чувствувам сопствената порозност, додека над мене, низ небото со боја на ’рѓа зачкрипува надразнетиот крик на галебот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Остануваат некои зборови, слики, бескрајното чекање на нешто (чувствуваш?) неизбежно, нечие доаѓање, ѕвонење на телефонот, адреналин, будењето на мрачниот ѕвер, убиство на времето, ненадејно отворање на вратата... остануваат валканобелите ѕидови обременети со тишина, ги голтаат погледите и те оставаат самиот на себеси, безброј прашинести утра кога се откажуваш од својата НАМЕРА, а стакленото око ти го нацелало грбот, подготвено да го испука бесмислениот истрел... остануваат меките, пренатални допири на темнината, ококорените, црни пукнатини на времето меѓу скаменетите бранови на празнината, пополноќните прошетки низ мртвиот град и она скокотливо чувство на необјаснива слобода што ја чувствуваш додека чекориш по пустите улици (стариот Витмен тоа чувство го знаеше подобро од мене)... остануваат порозни делови од едно филтрирано сеќавање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Камиони натоварени со оружје доаѓаа преку порозните граници, а на оние територии што не ги контролираше државата се складираше оружје.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Монашки нишан: сведоштвото на Лука Блажениот 29 „Има нишани што ги следиш од рано детство без да знаеш зошто: - се будиш предзори додека сосема не се повлекла глувата сенка на ноќта кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи во запрепастувачки складен и топол мозаик, во фрески по ѕидовите, по подот, на сводот и сеќаваш кревкото, кршливото порозното, обезличеното се преобразува во својата виша смисла и ти се обзнанува: ни еден слом не е алогичен!; - тукушто си пркнал уште дете, стануваш аскет и заминуваш незнајно каде само (посакуваш!) да биде тивко, молебно створено и од природата, и од човека за деноноќно бдение за созерцание, вертикално понирање на веда - од небеса до подземи за живеење со жиг и жедба на монах ни горе-ни долу повеќе таму, одошто овде
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сѐ нешто фали у човека поредокот е порозен престапи пробиваат растројство и безумие завера и чудо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Втора слика: Изземена и сама со ишмукан страв се одлучувам без предрасуди да му се обратам нему цел живот што го имам одозгора тоа сум јас, му велам мојот прв израз му давам интимен знак со порозни простори во говорот небото ми одговара и ги пушта на повидок своите начичкани светлости, своите рани зашто, обата без сон полноќе најдобро си ја поимаме судбината да не се допираме.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пресвртница во трендот на свет со попорозни граници предизвикан од глобализацијата, т.е. зголемениот притисок за преминување на личните граници (правата на приватност) со цел да се зачуваат организациските и националните граници, беше 11 септември.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)