потроши св.

потроши (св.)

Го расипав здравјето, му ги потрошив парите на татко ми…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Но, на крајот од ѕидот Зоки веќе нема јагленче во рацете. Тоа се потроши.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ами нема повеќе, Јоне, вели Велика, ги миев садовите, ја потрошив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А се случува и тоа родителот да нема пари за нешто многу важно да купи, да плати, а вие ако му побарате ќе ви ги даде, и на заем ќе земе, дете сте му, а вие ќе ги потрошите не водејќи сметка дека тие се попотребни за нешто друго, одошто за вашето одење в кино, одење во слаткарница, купување на некаква модерна кошула, маица и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како да беше ги потрошил сите зборови додека го кревавме народот на револуција.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги дотрошува силите, што се вели, му завршува работата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лежи гола, а дедо ми ја покажува, ми обрнува внимание да забележам како е истенчена, сведена на ширина на лико трева од што е потрошена од фикарење глави и брцање во душмански шкембиња.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Наоѓаме дилер, но тој веќе ја потрошил целата роба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А ние парите ги потрошивме на првите две Маргини годинава.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сега залихата ненадејно се потроши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Жал ми е за неговата младост, но уште повеќе ми е жал ако ти си го потрошиш животот на духовни истражувања без желба за сопствен пород и искуството на мајчинството, што е една од најголемите радости на жената.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И кога стигнавме, кога патот го изврвевме и тој се срони во најфина прашинка под нозете наши и се потроши, здогледавме рамна земја со ситен песок, пустина што се вика, и среде таа рамна земја – го видовме папокот на светот: планина гола, непошумена, гора соголена, висока до небото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можев со тие пари што ги потрошив за прстенот сто ластичиња за коса да си купам, или шнолички, па дури и прстен и бразлетна во комплет за мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потроши некој денар“, вели, „купи кило ракија. Имам сливова од 52 степени“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Морав да го одврзувам скутникот, да навлечам место налами влечки на нозете, а потоа, во еден долг разговор со Парнаџиев, да го потрошам сето свое умеење за да добијам мало тавче ѓувеч место моето исчезнато тавче ориз.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој, дури, за копањето на бунарот ни ги потроши домашните пари, дури и моите и, една сума, што ѝ ја имав заштедено на помалата ќерка. Нѐ остави без никаква заштеда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се разбира, со ова мое тврдење не им го одземам правото на оние кои ќе ни го свртат грбот за да го потрошат сето свое време во разговори со миленичињата: кучињата, мачките, пилињата!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Меѓу себе зборуваа, па и се караа, за националните и за либералните, како секогаш, па дури и за водата се замераа, кој што повадил и колку потрошил, дали се искапил или испрал, дека волојте пијат повеќе од козите, или овците повеќе од кокошките, но сето тоа си остануваше нивно и меѓу нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе