прашен прид.

прашен (прид.)

А Гегите паѓаа и го оставаа својот врел труп на земјата прашна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но и неа бесно огнооки змејови страшни силно ја тресат од темел и куќата, најпосле, паѓа, а купишта прашни станаа гробови неми . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Води ме, ајде, ти пат мој прашен, запази спомен од мојот траг, додека живот – поројот страшен – ме врати на роден праг.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Бегалците упорно чекореа напред, по прашниот друм, не смалувајќи ја никако брзината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По пат долг и прашен од далеку вјасам, се наѕире село во зеленила цело, и шупелка ѕуни и се слуша гласот, пак во тебе мое, јас се враќам село!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
И бос и прашен, агата вџашен бега - зафрлил фес...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
А во прашните и маларични делници, тие понекогаш престануваа да бидат луѓе, ја губеа својата душевност и бараа заборав во туѓите мали несреќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ВО ДОЛГИТЕ врели, летни пладниња еден човек врвеше по прашните, опустени улици - сечејќи го градот од едниот до другиот крај.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)