преживее св.

преживее (св.)

Дури се гордеам што сум Македонец, син на еден измачен народ, кој преживеал толку вековни робства и пак не се поддал на непријателот, да го претопи, ами жилаво се држал и се борел за својата национална слобода.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Беше си се замислил за сето што го преживеа последниве денови, а во душата го копкаше мисла за својата грешка што го застави да избега од домот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Им го исприкажа својот живот и сите приклученија што ги преживеа за поминатите шеснаесет години и не заборави на крајот да ја раскаже измислената лагарија: — Ете, пак!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти остана за да го преживееш понизното чувство на стравот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше оставен, еднаш за секогаш, сиот оној далечен јазел на безизлезноста; беа изболедувани во сета нивна полнота сите болки, беа преживеани до последната граница на врзувањето сите беспаќа, а сега беше останато само таа отпуштеност, која што можела да му биде и крајот, но која за него ќе мораше да биде нешто друго, со сево ова лелекање и одминување меѓу голите зимни дрвја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако го сретнеме, мислеше, ако биде среќа да го сретнеме, ќе можеме да ја преживееме тука и целава зима, едноставно да си останеме овде сѐ додека еднаш не разјужи, а пак ако разјужи побргу, тогаш ќе можеме да си однесеме и дома, заедно со една добра свињска кожа, уште неколку килограми свињско месо, пресно и замрзнато. Ајде, си рече сега, добро, ќе видиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би можел човек, ако му е потребно, со мирна душа и спокојство да преживее внатре или да се засолни од ветришта, дождови и што ти ја знам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Белото тажно молчеше и собираше животни сокови да преживее до идната пролет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Тоа, колку да знаеш. Ако се најдеш во неволја и со овој трн можеш да преживееш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Партизаните преживеале од овие трња, од киселецот што го исплука, од штавелот, од младите букови лисја...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А тоа време, иако поминато сред луѓе, иако подобро гледан, дедо Иван го имаше преживеано како да беше на робија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ние да преживееме, после сѐ нека си ја ебе мајката. Е па сега за тоа мора и по некој седатив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС:Ако е само тоа, ќе преживееш. Баци ме. Не прашувај зошто. Баци ме.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе ако се случи некое чудо па да преживее, ама тогаш тоа ќе биде ужасна слика. За изложба, Аритоне Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зафати водата полека да истечува, да се впива во земјата, да се повлекува од дворовите, да ги ослободува заробените куќи, луѓето, добитокот; се покажа виножитото, па и тоа како да шумкаше колку што можеше, задува ветер, па и тој започна да ја суши земјата; излезе и сонцето од облаците, па и тоа почна да ја цица земјата; излегоа луѓето од куќите како од Ноевиот ковчег, се бацуваа што го преживеаја овој потоп, оваа несреќа; се јавија и птиците што беа скриени некаде, се нафрлија да клувкаат на сѐ што ќе видеа за јадење; се грабеа, се биеја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нема срам тука. Гигиено, хигиено, ќе преживееме ли без тебе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам со кои нозе се вратив и како преживеав тогаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ме накрене, што се вели, да ми преживее душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Закопувањето го обавуваше клисарот Нестор кој веќе во војните ја имаше преживеано чумата и не се плашеше од неа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе