провизорен прид.

провизорен (прид.)

Провизорната сцена беше направена под тремот на Влашкиот ан, каде што беше и самиот пансион.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
(Соба во манастирски конаци, провизорно поделена на два дела. Во левиот дел кујна, маса за јадење, две сламарици.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На ова место тие категории ќе ги третирам како провизорни патокази чиешто значење поостро ќе биде оцртано кога ќе ја разгледуваме нивната употреба во различни контексти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бидејќи филозофијата од неа не барала врз основа на фактите, на некој начин и во одредени точки, да го дефинира и определи взаемниот однос на менталното и телесното, науката се определила провизорно да делува така што нивниот однос го зема за совршен, т.е. како меѓу нив да постои еднаквост или дури и идентитет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тешко ранетите само провизорно беа преврзани со валкани, окрвавени завои и крпи. Под нив се гледаа загноените рани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)