прочита св.

прочита (св.)

Така разбирајќи го долгот кон татковината, јас се решив, прво, да го изложам моето разбирање на народните идеали на Македонците во еден ред расудувања, прочитани во петроградското Македонско словенско научно-литературно другарство „Св. Климент” 1, а после и да ги напечатам во оваа книга, каде што се поместени и расудувања непрочитани во споменатото другарство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако е така, тогаш не ни останува ништо друго, освен да му се помолиме на Господа да ги умножи македонските друштва, слични на Петроградското – „Св.Климент” насекаде каде што живеат Македонци. *Прочитано на II седница на петроградского Македонско научно-литературно другарство „Св.Климент” на 28 септ. 1903 г.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прочитано на 21 септември оваа година па 1-та седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство “Св.Климент ”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АНТИЦА: Не е вистина. Јас ги прочитав само првите зборови и се збркав...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во погледот можеше да му се прочита дека не му е право што му е откриено врталиште од друг – туѓ и непознат другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се намести до мене и ми ја прочита песната за убиениот крал напишана на руски, од кое јас запомнав само неколку зборови без да ја разберам содржината над која тој пролеа врел поток.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бино се однесе кон ова писмо како Јован кон неговото кога му го однесе Коле Куков на Сињак, та и тој ги повтори тогашните Јованови зборови кога го прочита: „Ќе му кажиме, кога ќе го видиме“, го искина и продолжи со потерата да го брка Јована.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И Крле стана и напиша писмо. Неда го прочита десетина пати, го измилува, го избакна, особено потписот и го кладе во малото ковчеже каде што стоеше исушена првата китка.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
„Ами ако разберат другарчињата оти за неа дојду?“ — се стресе и просто ги избегнуваше сите нивни погледи, плашејќи се да не му ги прочитаат во очите неговите мисли.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Не се знае, песната што ја прочитавте во почетокот не кажува, а ни луѓето не знаат, - но Луман сигурно имал во Брезница и друго и јатаци, зашто само по неколку дена разбрал дека Бошко се пофалил оти ќе го предаде на комитите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дојдете вие плеќести црни мажи деца и неба и времиња -по коритото на оваа река да потече и вашата судбина на местото на овој мост извишен над вашето небидие да си прочитате: векувајте со мене!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Разговорот воден на каурски јазик и средбата на Анѓа со Ангелета ги окуражија другите сужни и сите му заблагодарија на господа што ќе им помогне на овој начин; дури и оче наш го прочитаа во себе тие што го знаеја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Везирот почна и го прочита докрај писмото. – Стој – викна султанот кога ги слушна последните зборови дека слугата што го донесол писмото е еден од оние што се спасиле при последниот обид да се фатат разбојниците, и го праша везирот: – Каде е тој наш слуга што го донесе писмово?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа беше напишано со големи букви во нејзините очи и тоа јасно го прочита иако не беше писмен за обично писмо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Неговото лице беше в сенката а Мануш и Јанкуло, потпрени еден на друг, не можеа ништо да му прочитаат во очите и чекаа уште побледи од порано.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И се насмевна со темна пакост на усните: „Додека чекав да ме пријавите на уважениот началник прочитав неколку решенија на оваа маса. Дивни податоци и дивни бројки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бавно кревајќи рака, тој го скина пликот, и, штом ги прочита во себе првите редови, лицето му светна и тој извика: - Таксај, Бојано, таксај! - Што бре, што има?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: (Ѝ го подава писмото.) Повелете, прочитајте го.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Откако ќе го прочита, го крева погледот и долго, со гадење, гледа во Луков.) Како си можел само да ги измислиш сиве овие гадости?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ужасот на нејзиното лице е поголем со секој прочитан ред. Додека таа чита, Луков продолжува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК