пудла ж.

пудла (ж.)

Пудлица: вистинско нежно прекрасно суштество: куса глава, куса муцка, високо кренато чело, јадри очи со убави веѓи, долго влакнесто руно префрлено преку вратот и нозете како пелерина.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Гледајќи како го засака и како е умна пудлицата, Богдан се присети на своето куче од детството што им се роди и одрасна во куќата и кое го сакаа и одгледуваа како член на семејството, како човечко суштество, а не како куче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еден ден, шетајќи низ градот, ја сретна Марија која ја шеташе својата пудлица за која Богдан посебно се грижеше во Пансионот и од Марија беше почесто наградуван.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Правилата беа излепени со слики од секакви кучиња: пудлици, булдоци, добермани, јазовичари, волчјаци, териери, сетери, птичари, боксери и др.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Што? Па вие не можете да ме дофатите и јас одовде можам вас како на Јуљка пудлицата да ве дразнам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нели курвалукот е привилегија на модерното битисување? - промрче Пудлицата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Пудлицата беше радиоконфузното чедо на Суруш.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На кого ќе праиме мониторинг после - му возврати Пудлицата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Дамите со пудлици скришно гнетат кромид, патлиџани и печени пиперки и тоа го нарекуваат македонска салата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во борделите се закачуваат други болештини, иако газдариците имаат пудлици и други миленичиња кои влеваат доверба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)