сабја ж.
сабјарка ж.

сабја (ж.)

И носеше турли турли халати на мучение: сабли, стрели, маздраци, брадви, коси, српови, ражни, пили, секири, тесли, брадви и вадици и другии сечива што ги никој не знае.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Од крвта ненаситен, сѐ уште водеше битка, лутина гневна дишејќи; од раните бликаше крвта, но сѐ уште бритка мавташе сабја, беснејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И Сулејман, којшто го продал имањето сето, гонет од младиот порив; за сабја дамасклија немаше веќе на светот она што не би го сторил...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Тој викна и разбуди смелост кај сите; и тогај виорно коњикот летна, држејќи во рацете сабја дамаскалија, лута двеостра сабја од челик.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Немој повеќе да ми стоиш над главата како свети Аранѓел со сабјата! Ајде, остави нѐ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Донеси да ја коваме на Крали Марко сабјата!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Во ќошот, близу до вратата, седеа тројца коњички наредници, тропаа со сабјите по масата и се расправаа нешто.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од соседната улица се слушаа звуци на тамбура; се извиваше некаква заплетена турска мелодија, долга и пострашна од крива сабја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На појасот напред му беа вкрстени два пиштола со сребрени дршки, а на колкот му висеше крива тогашна сабја.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Секогаш наслутена во водите и мракот ти гриво блага гриво груба нерамнодушно смела секогаш жилаво месо на земјата и ноќта гриво остра сабјо немирна на виделото по сребрената врвица на просторот како зрак и како светкавица
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тие се исплашиле, како и секој жив човек, ама се срамат еден пред друг, не се предаваат. Носат по три сабји и по три ножа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Крици. Од јаките заби на гусарите паѓаат натечените сабји.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во познатиот тунел на улицата најде пред нејзината куќа дете на сламено столче и со дрвена сабја на коленици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зад него, за миг се најде келнерот Велко, држејќи го во едната рака коланот со сабјата, а во другата капата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Полудуваше со залепени клепки: точно врз очите му лежеше студена арапска сабја, или боцкава жица, или танка змија, сеедно, тој зрак, тој ноќен призрак го менеше својот облик, и човекот како и да се наместеше во постелата го чувствуваше и остаруваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му се приближуваше со оние свои огромни скокови, од чии што удари потреперуваше, протатнувајќи, сета земја, и Змејко сега можеше со свои очи да види како оние негови завиорени в страна огромни заби ги делнуваат како завиорени сабји доста дебелите стебленки на дрвјата, што му стоеја на патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неколкумина од тие разјарени луѓе влегоа во дуќанчето, а оној Братот ги чекаше тука наострен, како сабја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На појасот му светкала како змија остра сабја.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Денеска ги нема високите кули, го нема стражарот со острата сабја и бојното копје.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе