сврши св.

сврши (св.)

Свршуваше песната... Ама опитната жена и со капењето сврши на многутажениот мртовец, херој од Река.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И така џенгот се свршил и штрковите наттепале, та си отвориле пат и си се упатиле за кај нас.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Силјан, дека го носел црпчето на гуша, многу му помогнало да се плашат орлите од него, беше нашол една пештера и тамо беше се засолнал дури се свршил џенгот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По свршувањето на учењето може да биде и чиновник на пропагандата, но притоа тој ги мрази и си ја проколнува судбината што е орудие на една пропаганда, којашто си има свои цели, совршено спротивни на интересите на неговата татковина – Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако ќе го сврши тој своето образование во Србија, каде тој треба да оди: во Бугарија или во Македонија?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак и да има место, нема да му го дадат на еден што свршил во Србија, туку на еден свој кандидат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ама каде си го повлекла ова дете? И него да не го свршуваш? Ха-ха-ха…!?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ова е моето оружје? Дали некоја важна работа ќе треба да се сврши вечерва? (Се обидува да се сети)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
АРАНЃЕЛ: Ништо не знам. Да го суредиш! (На работниците). Еј, свршувајте работата и на спиење!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
АРСО: (Не знае што да прави, станува, гледа кон градот.) Па... ќе ја свршиме, чорбаџи Теодосе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Уште борч... (Пак станува, гледа.) Ќе ја свршиме, не е лозјето зајак да избега... (Се слушаат свирки од далеку.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Остави тоа што не бива. Да ја свршиме работата со лозјето.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КОТЕ: Немај гајле, јатрва ти ќе ја сврши таа работа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Прво кога дојдоа и ги видовме се израдувавме, си рековме убава работа биле, да има човек некоја иктиза веднаш ќе ја сврши.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
РИСТАЌИ: Вака-така ја одвлековме од рацете на тоа куче да не ја земе. Свршивме голема работа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ПОП ЈАНЧЕ: Вистина ќе биде срамота, ама ќе свршиме голема работа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Најбогатиот во овој ќор-сокак го празнуваше свршувањето на својата ќерка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Види како од саабјле двете наеднаш и свршиме сете работи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крле сврши четврто одделение и веќе беше „слободен граѓанин".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога Митра ја прашаше: „шо ќе ткаеш, невесто Досто, со виа предотини“, таа неодредено одговараше: „Ќе видиме, сестрице Митро“, и на тоа се свршуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе