се (несв.)

Ниту Бог ја створил, ниту ангелите, ниту се отпрвин створени* и примени од Бога како што се тоа еврејските, римските и грчките?“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Овие словенски букви и вака треба да се пишуваат и изговараат: а, б, в дури до о и тие се 24 букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
И сега има две тела на небо, Христос и пресвјатаја Богородица. Тие се на сите христиани урнек.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
При ова кратко изложенїє присовокȣпȣваме неколко народни песни на Македонско-то наречїє , кои въ много отношенїѧ се любопитни.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“ од Партениј Зографски (1858)
Да не речат дека сме туѓи на честа и дека фалби се нашите цели.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– „Тие луѓе се штрковите наши што ни идат овде, браќа, им рекол; тамо во градот кај што бев има два извора: во едниот да се искапеш ќе се сториш штрк, а во другиот да се искапеш, да се сториш човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Сполај ти, Господи сполај ти, што не било да биде, човек штрк да биде“, сите беа рекле и поверувале, та затоа до ден денеска се прикажува за штрковите оти се луѓе.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Сполај ти, Господи, сполај ти, бре стрико, што беше била клетвата лоша, им рекол Силјан, татко ми кажуваше за две пилиња што се кај нас в поле, едното го викаат Сиве, а другото Чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
144. Браќата Асен I (?-1196), Петар II (? – 1197) и Калојан (? – 1207) се обновувачи на бугарското царство, кои успеваат да ѝ нанесат тешки порази на Византија и да ја прошират својата држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но кои се тие народности? – Турци, Бугари, Срби, Грци, Власи, Арнаути.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЈОРДАН: Де! Де! Триест лири за Симка и дваесет за свадба, доста се. Педесет лири не се многу...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И цветчињата овенаа, како што и самата венеам, мили домаќине!... (Оддалеку се слуша песната „Сите момчиња дојдоа...“ Радосно). Тие се!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На даден знак со шамичето играчите застануваат, свирачите се во напрегнато чекање. Очите на Атанас се исполнуваат со солзи.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Леле, колку се! Сурија! Цела Топана!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КОТЕ: Ама што, се плашиш? Ич, пуцко да си! Уште волци не се излезени, а и излезени да се, Панде сите ќе ги зобне.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Не се будали како нас, луто со луто — со пиперки!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Причините за тоа се двовидни, објективни и субјективни.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Луњи ли ќе пусти дојдат сонце ли ќе јасно грејне - патиштата, патиштата пред тебе се на борбата.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Таа, најпосле, се „самоспознава“, се „наоѓа себеси“ во „субјективниот дух“, во самопознанието кај човека.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК