сенилен прид.

сенилен (прид.)

Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Прочитав: „Сенилен - старечки детинест; некој што подетинел“.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Веројатно некакде се загубил. Знаеш дека е веќе по малку сенилен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Врз една темна табла близу до работ на платформата можеше да се забележи, во препознатлив Бојсов ракопис, една сентенца која ја сумира пораката која тој се обидуваше неуморно да ја изрази во неговата подоцнежна работа: „Единствено уметноста е способна да ги оневозможи репресивните ефекти на еден сенилен социјален систем кој продолжува да се тетерави по линијата на смртта”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Да претпоставиме дека ќе го забрзаме темпото на човековиот живот, така што луѓето ќе стануваат сенилни на триесетгодишна возраст.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа испиено еврејско лице, со огромен кадрав ореол од бела коса и со малечка козја брадичка - умно, а сепак некако подмолно лице, со еден вид сенилно лудило во долгиот тенок нос, на чиј крај стрчеа чифт очила.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали во тие мигови на малата дипломатска авантура не бев и јас обземен од амбицијата на власта, кога бев сведок на крајот на власта на сенилниот деспот и почетокот на новата власт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дедо ми барем беше сенилен кога еднаш, во 15:00 го помести часовникот два часа понапред, за што побрзо да ги слуша вестите во 17:00. * Запис пронајден во рачен часовник
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Прибери Господе отровници змии гадости шират од устите гнили сенилни крлежи, грди фосили платени гниди од странските сили
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)