систематизација ж.

систематизација (ж.)

Но, работодавачите најдоа свој специфичен начин на изигрување на оваа законска одредба – а тоа беше преку носење на т.н. нова систематизација на работните места, во којашто, намерно, го изоставаа работното место на работникот кој бил прогласен за технолошки вишок, или, пак, само го преименуваа – сѐ со цел да прикажат дека не станува збор за истото работно место. 40
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во акционерското друштво „Алумина“ – Скопје, кадешто имаше околу 600 вработени2 – според систематизацијата на работните места – Анчевски работеше како ВКВ столар, во столарскиот погон на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во текстилната фабрика, каде што имаше сѐ на сѐ околу 100-тина работнички – според систематизацијата на работните места, таа ја извршуваше задачата на конфекционер, односно машинист- шивач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во оваа радио станица, во која имаше сѐ на сѐ околу 15-тина вработени – според систематизацијата на работните места тој, барем формално, ја извршуваше функцијата монтажер на звук, иако пропратно беше распределуван и на други работни задачи – првенствено како новинар и водител на снимени емисии, прилози и реклами, како и програма во живо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па така, според чл. 3 од Законот за изменување и дополнување на ЗИТ, се менува чл. 8 од ЗИТ и инспектор може да биде лицето кое ги исполнува следните услови: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен, машински, градежен, архитектонски, електро, технолошки факултет и факултет за заштита при работа, што се докажува со уверение, лицето да има пет години работно искуство во струката по дипломирањето, ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или 3) ECDL: Core - положен, а притоа има добиено и позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК