скаутски прид.

скаутски (прид.)

- Немој да се прашуваш, бидејќи така никогаш нема да преживееш - вели мајка ми со некој непознат, скаутски тон.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас дури сега почнував да ја признавам за себе правата цена на неговата личност, и ништо од порано - ниту она големо залагање да ни ја предаде скаутската теорија, ниту вештината да ги примени тие знаења на самиот терен - не можеа да го закрепат во мои очи неговиот авторитет така, како оваа согласност да ме води кај воспитачот. пред кого сам не се решував да стапам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И навистина, ние што одевме по него повеќе личевме на распердушена гускина тајфа, која тукушто се кубала со некое друго јато, отколку на спретната, секогаш спремна, скаутска младеж.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оној, зад плеќите на кого требаше да се движам, беше Бане, водникот на скаутскиот вод „Елен”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)