сосредоточи св.

сосредоточи (св.)

Треба само да бидам релаксирана, да се визуелизирам себеси како летам, да го запрам здивот, да се сосредоточам на движењата, да ја визуелизирам дестинацијата и да се обидувам да останам во воздух што подолго...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Хегел, Енциклопедија Ова тројно мото нема за цел единствено да го сосредоточи вниманието врз етноцентризмот, кој, секогаш и насекаде, мораше да раководи со поимот на писмото /écriture/.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Погледот му се сосредоточи во триаголникот што го сочинуваа блиску поставените очи во неговата глава и тенките, собрани усни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имаше некоја тага во купувањето по супермаркетите, во тоа отсуство на духот сред купиштата материја, кое додуша понекогаш е неопходно за и најдуховниот да се сосредоточи на неговите практични потреби, дури и ако тие за него завршуваат кај млекото и лебот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Испуштив да речам дека со едната рака најнапред помина низ кадрите на Виктор, можеби за да му ја изрази и овојпат својата наклонетост, а потоа се сосредоточи на нашите чаши.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Често, тие неколку лажички така се зафрлуваа што тој немаше со што да си направи кафе, и,во таквите случаи беше готов да направи скандал со што, всушност, си го оттргнуваше вниманието од она на што требаше да го сосредоточи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој беше толку деконцентриран поради доцнењето на Марија, што не можеше да се сосредоточи дури ни на наједноставните трикови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некаде таму, далеку во котлината ѝ се пристори дека болсна светлина и таму го сосредоточи погледот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)