сплеска св.
сплескан прид.

сплеска (св.)

Моментален бес проструи низ мускулите на Глигора и одвај се здржа да не го зграпчи и сплеска во ѕидот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Крушумот удри во горното черчеве, го проби дрвото и се сплеска во каменот зад него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ни се сплескал мевот за јадење, ни се завртиле и ушите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој вози на работ на патот, на белата линија, и автобусот што вози по улицата Сенди би можел да го сплеска како паричка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Паднале на збор 'рсланот и чоекот, за кој од двата е појунак. 'Рсланот велел: - Јас сум појунак, бре човече, оти еднаш да те мавнам со ногава, ќе те сплескам тука на местото.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)