срцев (прид.)

Не го удрил директно, но добил срцев удар кога му паднал во близина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Децата исто така, умираат од срцеви напади предизвикани од аеросолите и средствата за чистење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Благодатното тупотење на срцевото моторче ги потпалува искрите надолж и нашир, па кога чиниш умира, тоа пее, врие песната како од грло на неизгаслив вруток и ги воздигнува добрините.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
По два месеца ми јавија дека татко ми починал од срцев удар; писмото од брат ми, се разбира, беше полно со обвинувања, оти тој ме товареше мене за смртта на татко ми, кој не можел да се помири со тоа дека син му станал циркузант.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Магијата на расказот остана да ја протолкувате вие, притоа внимавајќи да нè ве погоди проклетството на зборовите, збиени како револверски зрна во отворот на срцевата цевка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Многумина ќе доцнат, ќе падне и понекој нервен слом, некој срцев болен можеби и ќе умре.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Погледнете ја убаво пешачкава патека! Овде почина мајка ми. Си одеше, одеше... и одеднаш – туп! – падна. Срцев удар.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во 2002 година Кирова преживеа срцев удар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Заради сериозноста на срцевиот удар Никодин беше префрлен на Кардиолошката клиника во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отвори ја портата на срцевата градина, чуварот потонал од уморно чекање.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)