стручно прил.
стручност ж.

стручно (прил.)

Самата од бедна фамилија, порастена во мало шумадиско место, знаеше за сите тешкотии и понижувања на женските, деца кои немаа можност да добијат стручно образование: да се оспособат за шивачки, плетачки, везилки...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дел од заработката оделуваат, ставаат на штедна книшка, со единствена мисла да ја употребат во својот крај за градење или купување стан, алат, но и да се вратат со збогатено стручно искуство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Киберпанкерите ве мразат! Најновата Американска изгубена генерација ги спојува младешкиот бес и технолошкиот тероризам. Денешните киберпанкери не се првата млада генерација која плука на денешниот свет но тие се први кои се стручно оспособени да сторат нешто во врска со тоа.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Баш и не ми е јасно, но очигледно се работи за фалусен симбол - објаснува стручно мојот shrink. - Се разбира - велам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го бутна збрчканото, плаво момче врз отоманот и стручно го соблекува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Колективен автор - тоа не е хиерархиски начин на работа на „инвестигивни тимови“ во коишто помладите соработници само го собираат материјалот за постарите редакциски волци стручно да го обработат, туку заедничка, колективна работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пат од планетарно биолошко значење. Ние сме одговорни пред човештвото, стручно речено - да ја спасиме макроеколошката рамнотежа на Земјата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Слушајте добро, стручно да ви објаснам: поставуваме перфорирани цефки што овозможуваат почвата слободно да дише, односно, да се изврши отплинување на сметот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Значи, има некакви недостатоци во градење на таа брана, или како што стручно велат Филтер призма на депонијата штом пропушта загадена вода во Маркова Река.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Навистина д-р Змејковски пишува мошне стручно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Со овој адитив се постигнува позабрзано бетонирање, - стручно му објасни Геро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со него учеа заедно основно српско училиште, бугарска прогимназија во војната, а по ослободувањето тој се изгуби во некое средно - техничко или стручно - занаетчиско училиште, додека повеќе не го делеа мегданот на граничната полјанка меѓу двете маала, зашто и така веќе не се играше со парталава топка ами со напумпан фудбал и не се трчаше по ретката трева бос ами со износени кондури од постарите, кое браќа, кое татковци, кое заробеници кое борци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Имено, работниците уште имаа право да бараат заштита на своите права пред надлежниот основен суд, но повеќе не во наведениов случај т.е. кога ќе беа прогласени како „технолошки вишок“ – што, секако, беше на работ на неуставноста. 25 д) бројни негативни промени претрпе одредбата од ЗРО (1993) според која работниот однос не може да престане ако на работникот не му е обезбедено барем едно од следниве три права: (1) вработување кај друг работодавец; (2) стручно оспособување, преквалификација или доквалификација; или, пак, (3) испратнина – чл. 130, ЗРО/93: •  во врска со испратнината, со промените до кои дојде со носењето на ЗРО (1993) веќе не се предвидуваше дека работникот, кој бил прогласен за технолошки вишок, а на којшто работодавецот не можел да му обезбеди ниту едно од правата во согласност со закон – има право на паричен надомест најмногу две години, а кој не може да биде помал од загарантираниот личен доход, како и право на пензиско и здравствено осигурување за овој временски период кога е без работа (чл. 18, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Четврто, усвоена е одредбата според која лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) имаат право, преку професионалната рехабилитација, да се оспособат за работа на работи според стручна подготовка стекната со школување пред настанување на инвалидноста (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај нив, право на парична помош имаа уште четири други категории невработени лица: жените корисници на паричен надоместок за време на бременост и породување, лицата кои посетуваат стручно оспособување или преквалификација, лицата на кои работниот однос им престанал поради стечај или редовна ликвидација на организацијата во која работеле, како и оние лица со повеќе од 25 години стаж на осигурување (чл. 19, 21, 23 и 36, ЗВ).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Втората категорија луѓе се оние кои ги нарекувам газолижачи, упикувачи или стручно кажано анални спелеолози.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и поради сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може – на посреден или непосреден начин – да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, а посебно преку намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на унапредување и/или стручно усовршување (чл. 11, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Органот што врши увид или реконструкција може да побара помош од стручно лице од криминалистичко-техничка, сообраќајна или друга струка, кое, по потреба, ќе помогне во пронаоѓањето, обезбедувањето или опишувањето на трагите, ќе изврши потребни мерења и снимања, ќе направи скици и фотодокументација или ќе собере и други податоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
11.  Во романистиката е стандардизиран вообичаениот, општоприфатен, начин на цитирање на Дигестите –  постапка која стручно е позната како инскрипција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе