таблица ж.

таблица (ж.)

Си го кладе кондилот в уста, се позамисли малку, и сам не знаејќи зошто, плукна на таблицата, го избриша напишаното и започна пак повторно да ја пишува зададената задача по сметање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мажите, што го носеа мртовецот, се менуваа постојано, а тој, Змејко, со торбичката со читанката и со таблицата преку рамо ги притискаше со раката кондилите и моливите да не тропкаат внатре и мислеше на тагата, мислеше на жалоста, ја носеше врзана во еден цврст јазел во грлото, го раскинуваше и него и му го сопенаше здивот, но мислеше како ли расчешнува таа кога оној, што го носат мажите, е твојот татко, да е скраја и далеку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Имам филинг дека сум забораил таблица множење...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Потоа стариот рабин ја гледа заветната арка на Мојсеј со таблиците со десетте заповеди во неа, светата кутија конструирана со две рала држачи за носење, означена со двата херувима свртени еден кон друг, на кои крилјата им се допираат над главите, направена од најдобрите мајстори според прецизен диктат од небото што до денешен ден стои запишан во Светата книга.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Од Скопје? – праша и погледна на регистерската таблица. - Таму живееме..
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во парискиот Лувр ја видов сликата на Еусташ Ле Суер, на која се гледа како апостолот на скалите пред храмот собрал верници нови христијански конвертити како носат пагански книги, таблици, ролни, кои потоа ги палат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)