тава (ж.)

ФИДАН: (Донесува тава со грав). Ајде, да вечераме!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Оганот се разгоре, а невестата се врати ја кладе тавата та сланината почна да пишти. Не поминаа ни десет петнаесет минути, ете ти една, „чума“ кај Карабуклиови.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Невестата Менка ја затопли тавата на огнот, го зеде ѓумот и леанот, им тури вода на рацете и ја кладе софрата да повечераат.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Таа така си кроеше: тројца браќа се: Стојо, Илко и Трајко; три куќи; три таками за куќите. Море — волови; море — овци; море — товарни добици, пашита, море — нивје за тројцата браќа, три пералника, три месариика, три ѓума, три тави, шест тепсии.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
- Тато го барам, тато. Изгорел лебот, се запали в тава...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Срипа и поштарот. - Лакоми, од тава ќе ти ја украдат рибата!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ми се јави една тетка и јас ѝ кажав дека сум гладен а лебот изгорел в тава.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го подгреа здрвениот качамак во тавата, скрши поголемо парче сирење и по пет минути тавата беше како измиена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И Мирче влезе во кошарката да накрши една тава јајца, иако беа петрови пости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ничкосаниот чун пред куќата му служеше како маса: на него јадеше, на него пиеше, на него риби чистеше, грав требеше, зелки сечеше; отпадоците им ги фрлаше на гуските во езерото, кои, кога ќе го видеа, се собираа од сето село; тој им ги фрлаше отпадоците в клун и им велеше: „Лапни ми, да си ми здрава - дур' не ми паднеш в тава“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со тава од фурна, со печено месо на жар, со риба пржена во тавче, со домати и пиперки, и со лубеници, кои овде лете ги има многу.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И после гори, црцори, како да топи сало в тава. Маки нивни, неискажливи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го печам брашното в тава, а децата само ми крадат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По него трза калајџијата од Крушево што идеше да ни ги поднови тавите, тепсиите, ѓумовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оти трпезата само се полни со јадења, јагнешко печено, дроб-сарма, тава со ориз, рогушки и смокви и што ти не.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека мајка ми со каленицата беше отидена да пушти вино, баба ми во едно чинивче ја стави другата половина од компирите од тавата и, како со потфрлање, им ги подаде на дедо ми и на татко ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Првата тава ни ја даде нам, а кога ја испржи втората тава со компирчињата, таа ѝ рече на мајка ми: - Пушти им троа вино на овие дамазлаците наши!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„А џимиринките врз полна тава бакардан!“ додаде Филип.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секој крив и куц што врви застанува и чукнува на џамот, или фрла грутка земја или мало камче, или го издолжува вратот и ни гледа во тавата со храна и во шишето ракија, ако имаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Фурнаџијата Парнаџиев, кога ќе загуби трага на некоја тава од фурната секогаш пронаоѓа прифатливо решение.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи