тате м.
татенце ср.

тате (м.)

Треќи пат пак беше му рекол Велко на деда си: „Тате, тате, види го штркот до тебе.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Таа е моја невеста и ти си должен да ја чуваш тате, сѐ додека не се вратам јас…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
МАНОИЛ: Оди си и ти, тате… мене ми помина!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
На, тате. (Седнува покрај татка си. Симка, со ѓумови во рацете, врви низ собата и излегува во дворот по вода).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Додека светот ни крои зло, среќата наша расте кај Антица и после пет месеци таа ќе излезе и ќе викне: тате, мамо...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Му се дожали на татка му што му е детето така невесело и сожално го прегрна Мартин тој час удри да плаче, да се тресе целиот и одвај да вели: - Тате, сладок тате... децата... децата... јатаче ме викаат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мартин му ја прегрна раката, се поткрена кон неговото уво и шепна: - Тате, тој е! – рече и пак ги почувствува сите студени морници како му јурнаа по малото топло, тукушто разбудено тело.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тате, жими мама, вистина ли е крив дедо?...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сестрите почнаа да пиштат. - Леле, тате, го отепа!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таму беше сестра му Руша. Гоце ја праша: - Руша, дома ли е тате?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Откога му го кажав името на татко ми многу се израдува. Рече дека се познавале со татета и дека работеле заедно во Белград.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Едно од децата свикува: - Мамо, мамо, вели, тате сите печурки ги изеде. - Како, бре сите, вели Дуковица. - Еве веќе нема, вели детето и почнува да плаче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да е ноќ со месечина, Ангеле може ќе ме праша: оти, тате, само по нас оди месечината? Кај ние, таму таа... Напред!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И Богуле лоши соништа сонуваше. Во писмото што го испрати пишуваше: „Драги тате, пак сонив лош сон.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не е можно тоа... - му се затресе целата снага, го фрли торбичето што го држеше в рака и стрчна по скалите, влезе во лабораторијата, виде дека го нема, растрча по сите простории, избара, и кога виде дека го нема, праша: - Кај е појден тате?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сепак некоја идна капетанова ќерка повторно да повторно ќе ги засака огреаните тела на непостоечката дивина... едно пливачко попладне или дали еволутивниот премин од водата кон копното претходно подразбира ист таков напреден чекор во спротивна насока ...влези во водата зарем не гледаш дека крвариш се насмевнува тате секогаш во право потрчај кон лековитите бранови нурни се јас со силното татковско тело ќе те дочекам ќе те сочувам од рефлекторите го намокрувам стапалото поспано ме допираат водените стопрсти мојата црвена крв потечува низ нивните сината низ моите вени нагоре над коленото толку лесно не боли тато пази на сѐ риба сум малечка засолнета во устата на таткото поаѓаме по топлите струи кон југ кон југ кон југ... но што сега се насмевнува ако те исфрлам од утробата до кога ќе се сокриваш во мене до кога ќе бидеш глува слепа ме турка ме истуркува од себе немој врескам тој немилосрден е немилосрден е ме протерува пливај сама нуркај сама храни се сама љуби сама греши сама сама сама... повторно на брегот на карпите со сонцето на влажниот стомак го чекам да се врати од водите од подводните пештери да ми ја залеп левата шака на старото место потполно сочувана сите живци капилари мускулчиња секое движење стисок допир само тате да плукне на раната ќе се врати отсечената шака пак ќе су негова негова негова негова негова...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Зошто ти е дете? Ќе ми вика: Тате, бате, скриј се во грнците ете ги идат Турците ќе ти ги земат парите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тате ќе му ја бацеше раката, а дедо ќе му речеше: „Сполај му, синко, на Бога, што ни се врати здрав и жив.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мајка ми глас не пушти. Само, скришум од дедо и од тате, секогаш кога нивниот разговор не ѝ се допаѓаше и ја плашеше, таа ќе се прекрстеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дедо ми тогаш се сврти кон тате.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе