трампи св. и несв.
трампа ж.

трампи (св. и несв.)

Храмот на Бессребрените Исцелители за сребро го трампаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Па го трампаа Асани, го ослободија Велиу од швајцарските затвори и на крај шутраков отиде на баци-рака кај Хашим Тачи. Ебате беља, ебате...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во постојан дослух со еротиката на творењето жив, а смртен свет - се претворам во книга на промените го менувам името, ги трампам симболите и приказбите, луѓето ги давам кастингот го алтерирам но улогите остануваат!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ене онде на океанскиот брег под крајбрежните чемпреси Абориџините трампаат една песна за еден радосен крик на делфините отшто само делфините се радосни на плажите на кои има илјадници километри за распостилање на домородната тага.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Едноставно, излежувањето наутро во креветот е она за што би го трампале царството.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)