тресе несв.

тресе (несв.)

Тресејќи се целата, очи со раце стискајќи, в пот се изоблеа ладна: Еринија чиниш ја збрка;со глава, ко лисје нишајќи, таа полумртва падна.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но и неа бесно огнооки змејови страшни силно ја тресат од темел и куќата, најпосле, паѓа, а купишта прашни станаа гробови неми . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
ТЕОДОС: Не можам, попосле. (Се тресе од гнасење.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Море, право во Вардар, да се удавам! (Ја опипува главата, ја тргнува крпата со која му е врзана, ја фрла тресејќи се од гнасење.) Еј, Теодосе! Умри, Теодосе, Теодосе!... (Отидува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Такви сте вие! Кога сте на зорт, — дај, помагај, чорбаџи Теодосе, а после за враќањето, тој крив, фрлај дрвја и камења... на чорбаџи Теодос, треси черги над него...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И надвор се тресев и за тука остана!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: (влегува целиот обелен од снег и се тресе пред вратата што прво ја отвора). Добро утро, домаќини и гости!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: (гледајќи во Пандета кај што се тресе). Леле, леле, не престивнува, сѐ повеќе и повеќе си врне.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Мече почна да тресе со вилиците од страв.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Денес се тресе, денес се руши Врандук горскиот див; тунел се копа в камено срце, - грми огнен здив!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Се сожалив кога видов дека брадата му се тресе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Без причина се смееше како некој да тресе вреќа со ореви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од секој негов замав белите образи луто му се тресеа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Трајко легна, и бидејќи цел ден го тресе ралото, по пет десет минути заспа. Само Илко долго се префрла на амбарот, ту на десната страна, ту на левата.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Mope, ами и време му е да е убаво, Боле, — одговори Доста, тресејќи некои од пелените на Нешка, кои требаше до утре да бидат готови ако сака да излезе со бел образ на сретсело.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И така, над Нешка се тресеа во училиштето, покрај даскалот Бина, уште тројца браќа: едниот роден, а двата повеќе од родени.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Му се дожали на татка му што му е детето така невесело и сожално го прегрна Мартин тој час удри да плаче, да се тресе целиот и одвај да вели: - Тате, сладок тате... децата... децата... јатаче ме викаат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Чуеш ли, реков. Часовникот застана. Се тресев и самиот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Цане ја тресеше големата глава и се смееше; во тоа смеење имаше нешто чудно, повеќе необјасниво отколку навредливо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа секако, некаков бавен полуслеп коњ влече чкртава кола и го тресе стариот колар и самиот бавен и полуслеп, со многу иње на обрастеното лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК