тропа (несв.)

(Го вади ќесето и го чука). Тропа ли ова- млад си. А на Никола му тропа!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Подобро од моево му тропа! (ја поттргнува Саветка настрана од Антица и поверливо) Јас веќе говорев со него и ми вети, ако му ја дам да помине и тој во грчката партија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
А многу убаво и го тропаше тој ѓаволски барабан.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
На нејзино викање, почна да се кашла некој и да ја кара кучката која, како верен стражар, навистина осети оти некој тропа и стои на малата врата.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Пчелите одамна тропаат на вратите на сите видови цветови, а славејчето го извива својот тенок глас од рана зора до доцна вечер, скриено во мирисавите цветови и зелените лисја на разбудената природа.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш чу како оној што тропаше и поугласно викна: - Домаќине . . .
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Морниците што ѝ минаа по телото од она што го чу ја натераа да рече: - Како да тропаше некој, - рече таа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Некој внимателно, чиниш не сака да чуе никој друг, тропаше на порта.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Четниците, кога ги бараат непријателските јатаци, не тропаат полека и не извикуваат тивко, туку ќе ја искршат вратата и ти, уште нерасонет, ќе ја почувствуваш студената кама под грло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот тој далечен и наслутен шум на заборавениот говор Тропаат беспрекин сами пред затворените прозорци изгубено тропаат со нозете тапи без поткови ти земјо по тебе лизгава и масна земјо мирна тропаат темно измешани
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тропам на вратата. Ме пречекува бесно лаење и жив, пискав глас: - Мирен... Марш... Потоа без љубопитност: - Кој е?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но во детството тој веруваше во легендите на својата земја: езерските пастрмки имаа црвени дамки на крлушките од крвта на ослепените очи на Самоиловите војници; во некој бунар тропаше срцето на светецот Климент; Крале Марко со една рака дигал биволска запрега за да им го покаже на јаничарите патот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И пакост за оние што не го држат носот подалеку од мојот праг.“ Од зад една подотвореност се протна човекот што две ноќи пред тоа му тропаше на врата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нешто вика и тропа во мозокот, непрестајно го тегне неговото срце таму. Тоа е злосторникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тропаше долу, ниско, во неговите нозе. Беше некој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш потропувањето се повтори. Беше исто како да тропа човек.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тропаат тасови, Реват басови, на градоначалникот косата му побелува. Ништо.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
- Еве, - рече Шишман за да го разувери до крај и ја отвори кутијата, му ја покажа отворена, го заигра камчето внатре, кое сега во отворена кутија не тропаше толку примамливо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога ќе го прифатат, си става во неа камче да му тропа. За да го мислиш будала.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе