фабрикува несв.
фабрикување ср.

фабрикува (несв.)

Во согласност со Фуко (1979), практиките на овој облик на моќ навлегуваат и ги фабрикуваат животите на индивидуите на најдлабоките нивоа - вклучувајќи ги нивните гестикулации, желби, обликот на телото, навиките, и т.н. - и тој ги споредува овие практики со некој вид на „дресура“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Целиот наш образовен систем одеше и оди кон тоа да фабрикува души подобни само да слушаат, да фабрикува човечки материјал според принципот: толку е подобар колку што е полош.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој отфрла многу од старите митови за Македонците кои биле фабрикувани во Бугарија, Грција и Србија, а кои без коментар биле примени на запад.361
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со неговите опсервации тој отфрлил многу тогашни митови за Македонците што биле фабрикувани во Бугарија, во Грција и во Србија и кои без никаков коментар биле примани од политичкиот естаблишмент на Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)