хартиен прид.

хартиен (прид.)

Многу од нив со lunch-пакети, со конзерви уредно спакувани во кафеави хартиени вреќички, седат или стојат, го завршуваат својот lunch, остатоците уредно ги оставаат во кантите за отпадоци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Носеше панталони (никогаш не сум ја видел во сукња) и држеше хартиена кеса во рацете.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Исто таква хартиена врата склепана од летви а облечена во хартија, со писклив крцкот се подотвораше на внатре и малку го откриваше железниот кревет со дебел и мек сламарник и неколку војнички куверти врз него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Потоа, без да ја открие повторно, тој ја фрли фотографијата во дупката за сеќавање, заедно со некои други хартиени отпадоци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со едната рака извлече хартиена салфета од металниот автомат за салфети, што беше пред него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи