шалвари само мн.

шалвари (само мн.)

Какви вустанки, какви шалварки, какви гаќи ќе ми носи! Му е гајле на нашите жени дека не носат гаќи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Туку и тие барем шалвари носат, ама оваа — просто во вреќа наврена! Се приближи до оганот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Бре, да не сака сам да одбира, та ако не пушчи нам пушка ќе го удри, ќе му го видиме задникот бес шалвари! — Велеше Мало, шмркајќи бурмут од дрвената кутија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тие мисли вратата се отвори и на неа се појави стара жена – Турчинка со бела коса, боса на влечки, во широки шалвари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Легни бре, ќерата и симни шалварите да не замавам по очи, по глава! — беа зборовите на гавазот и заптиите кога требаше „да си поминат на редот“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го виде како легна пред гавазот, како ги стискаше забите кога овој маваше по неговите дебели меса, кои сега беа црни како шалварите, и го дочека да стане и да се прибере кај светијована си Ордана Гламнов, каде Орданица веќе ги толчеше зелените коприви со сол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ене а златната, нѐ чека, — му одговори Толе и покажа со глава кон Сливина(Планината со густа борова гора), која ги чека сите оние што не сакаат да го ведат грбот и да ги собуваат шалварите на заповедите од Мефаила и другите властодршци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги тргнуваат шамиите преку лице и клекнуваат ко кукмарци, се губат меѓу шалварите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иван Иванович има малку страшлив карактер, Иван Никифорович, напротив, има толку широки шалвари, што да се надујат тие, во нив би се сместил целиот негов двор со амбарот и со сите згради.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога врвеа по улицата од Бит Пазар до Чаир, притисната од двете страни со ниски куќарки што одвај ѕиркаа врз ѕиданите огради, полна со деца и жени повеќето наврени во шалвари и понекоја со црн зар преку лицето, сурати што не наликуваа на Македонците, Пелагија зажала што Мурџо не е со нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Постоја така размислувајќи за нешто, па се фати за учкурот од шалварите, но брзо се премисли и побегна дома.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Истите тие креатури на себе носат панталони ко ќунци, очајно ружни фармерки, шалвари, чаршафи, јамболии, черги, ѕидарски маици у зима, монтки у лето...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Лабро без да чека двапати да му речат, го одврза учкурот и со едната рака, држејќи ги шалварите, а со другата рака ...., се истопори пред ѕидот и од лево кон десно, па нагоре и надолу, го мочаше знамето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)