јава (ж.)

Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Го парна мислата дека она што тукушто исчезна не е јава туку сон, толку наметлив и привлечен сон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Понекогаш му се чинеше дека ја загубил границата меѓу јавата и сонот. Што беше реалност?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Те правеше херој и на земјата и под земјата, и во соништата, и во јавата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Побрзај на вљубените им јави да се вратат од сништа во јава...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Дали тоа изгледа како премин од јава во сон, или е проследено со пеколни маки...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Јавата како да се надоврзувала на соништата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)