јадење ср.

јадење (ср.)

Помладите еден по еден ја напуштија свадбата! Јадење и пиење имаше колку да сакаш!?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
(Сите групи се здружуваат во една. Секој вади од торбата по нешто за јадење. Додека се поткрепуваат оддалеку се слуша меката и болна мелодија на кавал).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТРИКО МАРКО: Еј момчиња! Огладневте од скокање! Ај, седнувајте на јадење! Зашто голем пат ве чека!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ајде да јадеш, Костадине... Да каснеш, да се поткрепиш... (Јадењето е сиромашно: црн леб и чорбест грав).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ДЕПА: Коте, ние си заседнавме и не ни текнува да станеме. Говедата се врзани на јасли, ќе рикаат за јадење.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Таа кришум му доаѓаше на широчината со плашливо обѕирање вадеше од својата торба јадење.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Каде потскришум, каде јавно, почна да му праќа преку Тода на Крлето секој ден, секој други ден, нешто за јадење; му прати чорапи, гаќи, фанела; за Водици цел такам од конец и ѝ потфрли на баба Бисера да му го каже ова на попчето.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Достините јадења и пиења: мазник, ракија со мед, булиња, погачки на тенкото сито, на црковната трпеза предизвикаа чудење и завист кај витолишките невести и мажи.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Мешаше вино, ракија, пред јадење, по јадење, како секој сводник што не смее да рече „неќу“ оти ќе се нејќат младите.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Да се скинеш од јадење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Еден вистински Француз не се понудува со вино пред јадење. Кажете му го тоа, ве молам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие секоја година носеа таму со товари жито, брашно, грав, сол и други продукти за јадење, да им се најде во зол час, кој ете сега настапи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Аргир стоеше исправен над огинот. - Дедо Аргире, јадењето е готово... ќе истине...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И готвените јадења подолго ќе можат да се сочуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога го погледна богатото јадење полскиот врабец пак ќе се онесвестеше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А сиромасите прават од нив коркутка, вкусна густа чорба - тоа им е главно, а често и единствено јадење.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нивната свршеница стануваше ноќе и бараше во нечисти чинии нешто за јадење, потоа, сета крцкава и испотена, се обидуваше да се намести крај Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој во еден мал подавалник носи за јадење.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
НЕДА: (Излегува. По малку се враќа со јадење врз подавалник.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас имам навик пред јадење да си пивнам чашка - две.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК