јака ж.
јак прид.

јака (ж.)

На танкиот врат штркнуваше грленото јаболко: да му беше тесно под гнилата јака на старата кошула.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јаката на палтото му беше крената, челото покриено со тешка, влажна коса.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Забележа ли следење, ликвидирај го Младичот и право горе, кај Иванов. (Го зграбува за јаката.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
После тие ги тресеа со метлата и своите ќуркови, во чија волна на јаките снегот беше така впиен, што можеше да биде исчистен само кога ќе се стопи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се облече убаво, се завитка со шал, ја крена јаката на палтото и со пушката в рака, излезе надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Носеше на себе многу свечен зелен фустан, со бели манжетни и бела јака, црни лаковани чевли и црна чанта, а и косата ѝ беше посебно убаво направена, црна, со убав сјај.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На пладне се редиме на казанот: си го гледаме тилот и кирта на јаките, мрдањето на ушите и вилиците што џвакаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги грабаа своите палта за јаките, налик на животни кога ги фаќаат за врат своите малечки, ги облекуваа и брзо се враќаа на своите места.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Носеше жолт џемпер, бела кошула со раскопчана јака и сиви панталони.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Епизодата во која во една квечерина се појавува Нанчо кој чиниш во раширената прегратка има чиста вујковска љубов спрема внукот, а завршува со фатена вошка од јаката, не ги поматува тие денови.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Скопските гимназијалки се убаво облечени, а дури и да не се , црните роби врз сето тоа со бели јаки исто така убаво стојат.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Миха, кој уште со тапанот се научи еднакво да удира со големата како и со малата палка, небаре си го вртеше образот на ударите од животот, го прими својот успех наполно мирно, поправо онака прибрано како што ја прими татко му неговата диплома: дури не се чести ни со чаша пиво, а не пак да стави вратоврска на крута јака и да подигне пенлива шира во лажлива здравица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„Но шинелот нели е мој!“ – рече еден од нив громогласно, зграпчувајќи го за јаката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Наеднаш значајното лице почувствувало дека некој го зграпчил мошне силно за јаката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога се искачив за година-две погоре во осмогодишното образование, ветрот што ја будеше мојата љубовно-музичка пролет, доаѓаше од електричните гласови на момчињата што имаа долги коси со боја на старо злато, тесни панталони - ѕвонарки, цветни кошули со пеперутка јака и чевли со платформа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја стегна јаката и појасот, помрдна рамена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)