јасно (прил.)

73. Владата просто сака да нѐ избави нас од празни надежи. Ако е сето тоа така, тогаш со што може да се објасни политиката на Русија по прашањето за Фирмилијана? – ќе се запрашаат некои. – Јасно е оти таа е србофилска. – Да видиме дали е толку јасно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што сакаше да рече Турција со тие списоци е многу јасно: „Јас сакам да воведам реформи во Македонија, но наместо реформи сега-засега ќе воведам аскер и маки, зашто земјата се готви за револуција, подготвувана од престапното работење на комитетите, коишто претставуваат како држава во држава: ќе ми дозволите првин да ја смирам земјата и да воведам мир, а после ќе се воведат нужните реформи”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа се гледа особено јасно од можните последици на востанието, кои, за наша и турска среќа, не последуваа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега дали ти е јасно? Сакам жена, не роб...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Луњи ли ќе пусти дојдат сонце ли ќе јасно грејне - патиштата, патиштата пред тебе се на борбата.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Сак ми je јасно зашто оно девојче изаѓе онако сербез...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Сега, јасно ли ти е?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Механизмот на памтењето со мака ги оживува, често беспомошен да ги поврзе и да ги одвои од случајностите, да ги предаде наполно и јасно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Нивните разговори сосем јасно го чувме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И кога утредента Бисера почна да припрема терен за да ја изведе работата на чистина, Крле веќе беше донесол решение и кратко и јасно ѝ одговори. — Вечер ќе ти кажа!
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Та која ѕвезда толку јасно свети?
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Само така те сакам и те зимам, инаку, кажи ми отворено и јасно: за мене ќе се мажиш или за некој околу мене? — И стана од столчето, се приближи до нејзиното.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И другите по неа, ама пак на сите нешто не им беше јасно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И што ќе е тоа, тој замав, тоа запенето задоволство, тоа исчекување: остра светкавица, сребрен блесок на рибји стомак, проѕирен мразулец? Јасно, човеку: нож!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Читај ти брошури, конкретно „Наука и празноверие“ и сѐ ќе ти биде јасно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И жален е, тоа неговото лице јасно го кажува, иако неговите очи се стиснати в мрежа, брчки на далечина, непрекината смеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јасно е, стоногалката лази без пречки по врлест ѕид. Непрекинлив ѕид, без крај, без небо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кадијата се наврати нешто во кадилакот и кога погледна преку прозорецот и ги виде селаните на чело со добро познатите нивни водачи поп Јаков, Димитрија и други што беа пред две-три недели кај него, јасно му стана дека не идат олку луѓе кај него за арно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од каде ќе дојде тој спас, не и беше јасно, но постоеше во неа надеж и таа машки се држеше пред кадијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа беше напишано со големи букви во нејзините очи и тоа јасно го прочита иако не беше писмен за обично писмо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК