љубомора ж.
љубомори несв.

љубомора (ж.)

Настапија тешки часови. По цели дни таа плачеше, а пак јас како некој инквизитор полуден од љубомора - ја мачев, ја навредував и страдав заедно со неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Љубомората налетуваше на мене со упоритоста и стихијата на разбеснети бранови кои ги рушат гранитните карпи и дробат на мали парчиња.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Какво е тоа проклетство, се костреше. И каква е оваа риба со студена љубомора в грло?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тајната во очите му беше зелена, името горчливо - љубомора.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И се прашуваше: љубомора, што е тоа? Наоѓаше дека Шекспировите јунаци се болникави и зли како јарци. Љубомора, што е тоа?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од едно незначително или значително писмо, мојата љубомора создаде сложна машина која што ги раскина, со своите запчести тркала, нашите души и ја уби нашата љубов и нашата среќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И во темниот инстинкт на љубомората, таа ги бараше и ги покриваше неговите очи, устремени во смрачината на заливот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Попот бездруго брзал да го најде утрешниот младоженец и да му каже со насилена насмевка дека ангелите од Откровението на светецот Јован Богослов не бранат маж без жена и жена без маж да се земат, секако во љубомората повикувајќи ги во себе русоглавите небески жители да дојдат и да го престорат среќникот во жабок под кожув; желудникот го болел од пакост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност, сега се сетив дека тоа што почуствував кога ја видов овде на прозорецот, не беше лута љубомора туку горешто посакување моите раце да бидат на нејзините топло оживеани дојки и јас да бидам топлиот радијатор меѓу нејзините нозе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ме обзеде луто чувство на љубомора поради кое одеднаш губам волја за младата убавица со која голи лежиме во сексуална споеност. Чудно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во стара Чешка приказна, се зборува за љубомората на ѓаволот кон Бог кој имал овци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа што ме сакаше лудо... Од љубомора отепа човек...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„А кога ти велев... Мислеше дека тоа од љубомора го чинам...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А и го сфати тоа како љубомора од Пипиле, кој порано ѝ фрлил око, но таа не му вртела глава, та едвај чекал да дојде Богдан за да му ја предаде пудлицата нему за која тој порано се грижел.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И затоа растреперените устенца меѓу јаболчињата, подзацрвенети од љубомора, исцвилија: - Е, па време е да продолжиме, оти не сте само вие!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сосетките не ја криеја зависта и љубомората кон неа. Кон сите нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- И јас! – признав. – Па, што дека – си реков – Игбал вели дека зависта и љубомората се природни појави и дека треба да се признаат пред себеси.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тоа време уште не ми беше толку близок како што ми е сега, за да можам да му признаам дека ме мачи грозна љубомора и дека зависта ми ја труе душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што се однесува до онаа, за некого радосна за други тажна игра на симпатии и на љубомора во дуќанот за сода-вода, барем на мене на почетокот ми наликуваше на обично полско глуварче случајно израснато над тесна полска патека оградена со зеленило.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но затоа пак љубомората скусува барем десет години од животот! не се срамеше да ми префрли или да ме посоветува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе