џабе прил.

џабе (прил.)

Тоа што си го знае напамет: - Стомниња, бардиња, грниња, уш, ќукш, ги тера магарињата, натоварени со посатки и само вика: стомниња, бардиња, грниња, купете за умрените, за погинатите, вели, за курово здравје гинеа, за ветер во магла, вели, ама мора нешто да ѝ имаме згрешено на мечката од Москва, стомниња, бардиња, грниња, мора да сме ѝ згрешиле, нѐ има секакви ’рчпали, вели, стомниња, бардиња, грниња, не ни е за џабе налутена мечката, вели, не нѐ гледа за ништо напоречки, вели, стомниња, бардиња, грниња, ни пушти шенци, чкрапји и тавтабици и сега чешај се, ако можеш да се досегнеш, стомнина, бардиња, грниња, вели, нѐ остави да нѐ делат ко варена тиква, ко чајчаре, една велка овему, една велка онему.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Море, пичка ѝ мајчина, вели, за џабе зафаќа место на земјава! 23.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како воопшто го издржуваш овој одвратен, бездушен град кој не поседува минимум критериуми и којшто се пали бескрајно бавно и накнадно, ко фитиљ во цртан филм, и сè што имаме од него се тие комично гарави лица наутро во огледалото, ко проклети потсеќања дека овде сè е џабе и дека немаме шанси?
„Маргина бр. 21“ (1995)
Џабе не се рекло: Полни очи - празни раце...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дејгиди моме од ЕЛЕМ од мразој ми коса побеле знам сила Бога не моли ѕемнам цел ден по јамболии Ах мори моме од ЕЛЕМ имам проблем преголем в темница книга пишувам пареа од усти издишувам Студ ми влезе во душата камен се стори срцево во зимските дни студени знаеш ти да ме ИЗГОРИШ Зошто ли зошто се продаде в туѓи раце ти отиде и џебови мој ти запусти Џевад за џабе те користи
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Само еднаш. Да пробам еден капут, како божем за мене да ќе го земам, ама, не за џабе се рекло ѓаволот ни ора ни копа, па во следната секунда со крајот на окото видов како мојот ранец трча по „Румели џаде“ на Осман Бег, а јас во неплатениот капут по бабата во романска носија, со широко ромско здолниште (да не кажам сукња), претворена, чиниш, во брзата птица итрица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Џабе! Никој не ме фермат и мене!
„Штамата на Енхалон“ од Ненад Јолдески (2013)
Џабе надвор приврнуваше првомајски дождец.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На крајот на краиштата, подобро и да се фрлат за џабе два џепа грав, отколку да се сварат и испрдат низ сувите боишта на живеачката.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Ало! Моме млекото со асален рок е или не е?“ - ѝ велам, ама џабе, таа се пулит во мене и немат никакова намера да прозборит.
„Штамата на Енхалон“ од Ненад Јолдески (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи