Ориент (м.)

Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако некаде мириса на ориент во Солун, тогаш тоа е токму на пазарот, оној што граничи со „Виа Егнатија“, со „Цимиски“ и уште со некои главни солунски магистрали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во оваа балканска барутана се мешаат Оксидентот и Ориентот, означени со придобивките римското, византиското, христијанското присуство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сѐ што се однесуваше на Ориентот и на магијата беше многу модерно, и тоа беше начин да се побегне некаде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не беше пресреќна ни со тие понуди, зашто сакаше да се вратат онаму кајшто припаѓаат, во Галиција, во Полска, во Германија или во Австрија, а им се случуваше спротивното: како семејство сѐ подлабоко навлегуваа во Ориентот, кој – си мислеше Гита Корец во бессоните солунски ноќи - него можеби го влечеше поради традициите што му се допаѓаа на салонскиот ционист во него, но и на сѐ повидливиот, автократски дел од неговата личност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Погледнува во ќерка си, која немо ја гледа. „Не плаши се!” - ѝ прошепотува Хана и полека се лизнува на килимот со еврејска шара, по кој сè поизобилно почнува да истекува нејзината ариевска крв додека во ушите ѝ шуми топлото море на Ориентот и здивот на Леон Голдблум кој, таа чувствува, ѝ се доближува нежен, заносен и страствен и по толку години...  Фотографии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа депресивна атмосфера во која го најде потонат градот кој онака жив и разгргорен, ориентално темпераментен каков што го пречека кога за првпат дојде во него и кого и рабинот го поимаше како капија на Истокот, како европско предворие на Леванот и Бисер на Ориентот, свесен зошто го нарекуваа и Мајка на Израелот и Втор Ерусалим, сега при второто враќање во Солун го доживува како старо, разурнато гробје.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше оросена со најегзотичната миризба украдена од најубавите цветови на ориентот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изгледа ко нешто да се слави, ориент експрес работава.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)