алергија ж.

алергија (ж.)

Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Стрес тест, тест за алергии, тест за рефлекси, текст за капацитет на белите дробови (дував во жолти балони сѐ додека не пукнаа, потоа во една машина со големина на Хамондовите оргули), рендген, броење на спермата, и густо отчукан прашалник на дваесет и четири страници со поглавја за анализа на соништа, генеалогија, логика и заклучување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Околу нас луѓето достоинствено ги тротоаризираат своите болести: асфалтна болест, алергија на чисто, провинциски синдром...
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Секоја божја квечерина пројавуваш симптоми на алергија: прашина, минато одминат живот а каде без неа, кога сѐ е всушност, прав и пепел - од книгите до стварноста  па и тоа малку љубов што го имаш предизвикува астматичен грч психосоматски задув а ни морето не е тука да се прочистиш од талогот!  Правта е овдешна вечност - премин во метафизика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се обидував да се извлечам од улогата на совршен слушател и на нешто да помислам: излезе дека тоа беше часот по психопатологија на којшто, за алергијата на полен, ние, студентите, требаше да пронајдеме дефиниција.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Лека полека, неосетно, влегуваат и приказните на бабите коишто, искрено речено, најсилно ми го крепат љубопитството и ми ги вардат очите од пролетни алергии а и од други уроци.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Има време и за една мижитатара со апостолот Павле кој во Македонија барал лек против алергија на црви и земја.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
По некоја минута ми рекоа дека те освестиле, дека сѐ е во ред, највероватно е некоја алергија од кивите, можеби беше тоа, не сум сигурна.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)