антиципира св. и несв.

антиципира (св. и несв.)

138. И во овој поглед Мисирков точно го антиципирал идниот развиток, зашто Бугарите навистина дури во најново време (1978) настапија токму така во однос на изградбата на македонскиот литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сабејските алхемичари симболично го антиципирале она што Дорн, неколку векови подоцна, ќе го бара од Посветениците: „Од мртов камен престорете се во жив камен на мудроста“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На пример, вашата насловна за Св. Валентајн 1993, излезе дека е прилично јавна интервенција во градскиот живот, на начин што не го антиципиравте?* Секако дека го антиципирав.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На Duchamp, 1917, според сензибилитетот, најблизок поет му бил Аполинер, кој со својата поезија прв, по Лотреамон, ќе ја антиципира идејата за редимејд, особено во збирките Alcools (1913) и Calligrammes (1918).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На пример, можно е да се воведат прашања кои ја охрабруваат индивидуата да го повика скорешното минато и дамнешната историја на настаните кои ги антиципираат тековните последици.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)