апстиненција ж.

апстиненција (ж.)

Апстиненцијата, дури и кога оргазмот е можен, исто така може да сведочи за патолошка психичка организација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најголемите опасности лежат во користењето нечисти игли при интравенозна употреба или кога се земаат големи дози по период на апстиненција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Наспроти големите разлики во верските убедувања, потстрижувањето на косата секогаш е поврзано со сексуалната апстиненција и со целибатот, т.е. со симболичната самокастрација.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овој филм е направен 20-те години, кога сексуалната апстиненција беше најсигурното средство за контрацепција и кога различните стандарди и во Франција и во Америка беа поизразени отколку денеска.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Медицинските книги тврдат дека поради апстиненција не се умира веднаш и дека лакомоста полека исчезнува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Некогаш токму љубовниот концепт подразбира апстиненција!) И затоа: МИЛИТАРИСТИЧКИ ОПУШТЕН и ОДГОВОРНО АНАРХИЧЕН е ликот на секој чесен („)маргиналец(“)!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)