астматичен прид.

астматичен (прид.)

Влезе, поразговара и запиша во својот список едно име: Стојан Ванков, роден тогаш и тогаш, тоа и тоа, неженет и - доселен по војната од зад граница. „Благодарам“, рече кришум гледајќи кон касата, а тој, Ванков, имаше доверба во него и му говореше со асматично шушкање до душникот за сѐ - какви се цените на пазарот, кога бил најголемиот пожар во некој голем град, каква политика води Черчил.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не помала од винска каца, главата меко пулсираше и, што беше уште почудно,зборуваше со изморен глас на астматичен старец.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Секоја божја квечерина пројавуваш симптоми на алергија: прашина, минато одминат живот а каде без неа, кога сѐ е всушност, прав и пепел - од книгите до стварноста  па и тоа малку љубов што го имаш предизвикува астматичен грч психосоматски задув а ни морето не е тука да се прочистиш од талогот!  Правта е овдешна вечност - премин во метафизика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Уште еден силен астматичен напад ја принуди Рада да се најде во брзата помош која иташе за Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По краткото затишје астматичните напади кај Томо повторно се зачестија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На денот на пресвета Богородица, уште еден силен астматичен напад го однесе Томо во болничкиот кревет на Пулмолошкото одделение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)