бирократ (м.)

Мојата огорченост кон некои бирократи што ме разголија како црн берзијанец пред неколку години, сега спласна како што спласна и увереноста дека сум херој за неколку капки црна крв што ја исцицаа Германците од мене.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
4. СЕ ДРЖИ КАКО СЛЕПИОТ ЗА СТАПОТ - така и за бирократот се говори често, но пак му се уважува жилавиот напор за авансирање и за нестоење во место...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Како таа да не била предвидена од резонот на апаратските бирократи кои ќе се покажат мошне вешти со нивните први реакции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За бирократите тие се нелојални дисиденти, предавници или нешто уште полошо.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во книжевноста, на пример, на некој бирократ- рецензент треба да му тупнете сто марки да ви напише една тажна страничка безличен текст.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Типично, локалните политичари и бирократи ги притискаат да прикажуваат „лесно разбирливи слики”, попрво фигуративни творби во јапонски стил одошто непопуларна авангарда или Pop art.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Бирократите -рецензенти ме интересираат помалце и од мајмуните сурлаши од џунглите на Парагвај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој има талент на вродена авторитарност (пак типично за еден балкански лидер, т.е. како што велите вие, господине Бузони - „гуру“) која просто се наметнува, особено кон адолесцентите, но богами и кон алтернативните интелектуалци, пософистицираните бирократи, па дури и кај бунтовните пензионери. Тоа е еден пример.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Новата аристократија ја сочинуваа главно бирократи, научници, техничари, синдикални организатори, експерти за пропаганда, социолози, просветари, новинари и професионални политичари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)