гади (несв.)

Толку му рече и побегна од него како да му се гади да го гледа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И така беше сум зборувала, којзнае уште што не сум зборувала, сум ја гадела устата и за господа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Изгледа Светецот премногу јадел, па се здебелил, и светот го претворил во голем, дебел, меснат задник (впрочем, отсекогаш и бил таков, посебно за успешните луѓе. Ми се гади од нив).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Колку повеќе ме одвраќаат, толку повеќе ме смируваат... Ми се гадат работичките.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Вашиот кукавичлак ми се гади. Рацете горе!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ми се гади од весели луѓе кои во суштина се среќни што не по своја заслуга се родени глупи и од таму неспособни за гадливост.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ми се гади од ситуација.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од која храна ви се гади?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Има ли нешто од кое не ми се гади?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Што ти е? Ти се гади ли од нив?“ „Од сите можни ужаси на светот... стаорец!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Простено ти е, Луцијо!“, рече. И потем рече дека без разлика на сѐ, сѐ уште ме сака, и дека секогаш ќе ме сака; рече дека си оди засекогаш, затоа што му се гади од сѐ и дека сака да најде мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По сѐ изгледа стануваше збор за црвец бидејќи старецот рече дека му се гади од суштества без опаш и без глава.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Како второ: ако посакам слатко и убаво да се истегнам под зраците на топлото сонце, ниеден младич нема да ми побара исполнување на желбата да води љубов со женска од која потоа нема да му се гади.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој ден од сѐ ми се гадеше, од водата и храната, од моето тело, од зборовите, и од воздухот, што со некаква одбивност го вдишував во тенки голтки и брзо го испуштав, и чекав колку што можев подолго до следното вдишување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Намерата (искажана со невидена мирнотија) е да го реши својот сексуален проблем така што ќе престане да му се згадува сексот со девојките, затоа што со истиот испробан метод престанува да му се гади од татка си, откако ќе појде на чешмата и добро си ги измие рацете... (Што, по ѓаволите?!..)
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа просто се гадеше од самото име Македонија исто како Евреин шо се гади од Палестинец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Испаѓа како да му се ситам со неизбежното грдо и грозно доживување во моментот кога, откако ќе влезе дома, ќе се сети што го очекува горе во спалната каде што ќе ме најде легнат на плеќи, со устата зината, можеби и полна со муви и со очите оврлени, дека умот ќе му штукне од тоа од што веќе и мене ми се крева косата и ми се гади.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ти се гади? Симптом на труење од хипокризија во контаминираниот простор.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Повеќе