генијален прид.

генијален (прид.)

Учењето за развитокот како за „самодвижење“ и покрај тоа што Хегел под ова го сфаќаше само „самодвижењето“ на логичките категории, е најгенијалната придобивка на класичниот идеализам, којашто и ја изведе преродбата и му даде силен полет на дијалектичкиот материјализам.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Обогатен сега со најгенијалната придобивка на немскиот класичен идеализам, со дијалектиката, дијалектичкиот материјализам стана и денеска важи како единствена филозофија на напредната човечка мисла и на напредните општествени сили, додека отпадоците од филозофскиот идеализам се филозофија на општествениот распад или на крајната реакција.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Јасно беше дека таа каса е плод на генијален самоук но, сеедно, можеше да му донесе на Мануша непознати маки иако тој со години мрзоволно се влечкаше по зафрлени браварски работилници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во сето тоа и во што не друго жените навистина генијално се снаоѓаат, но нема итрина со која таа мажот ќе го спречи да истече; уште од нејзината спарнина неговиот пенис ќе ја почуствува во предворјето, меѓу нејзините нозе, пред да ѝ го доставил, уште не брцнат целиот внатре, уште ниеднаш не повлечен наназад за да ѝ го втера пак и да почне да ѝ го напумпува и испумпува она задоволство што доаѓа од сѐ подлабоко и подлабоко од телото додека не почне да се црпи од капиларите на кожата по целото нејзино тело.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Грандиозното финале на филмот со стотици генијално искористени статисти, кадешто се користи возењето на една висока кран- камера која една по друга ни ги открива неколкуте сцени и неколкуте публики, е најдобар пример за претходно изреченото: вистински крај на низата од набљудувани- набљудувачи нема; и нашето око е само дел од таа низа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Велиш генијалноста е скапа курва која не можеш да ја платиш.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Град во кој многу генијални уметници завршуваат како келнери по ресторани и барови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По неговиот прв целосно изведен проект, „Куќата Хундертвасер“ во Виена, интригантниот уметник е „почестен“ со најразлични епитети, меѓу кои и „разубавувач“, „генијален дилетант“, а неговата градба ја нарекоа „Кич- катедрала“, кич- палата“, „папагалска куќа“ итн.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Имав стотици мегабајти закопани во мојата глава, како генијален идиот, информации до кои свеста нема пристап.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Генијалниот“ младич има црти на Хамлет.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Контакт-адресата речиси е обврзувачки дел од мејл-арт работата, но постои и тнр. „еднонасочен“ мејл-арт кој често се одвива на начин и испраќачот и примателот на пораката да не се познаваат, или примателот да не го познава испраќачот; едноставно повеќе-помалку случајно некому му се испраќа некаква мејл-арт порака, и толку, не се бара фидбек; постојат и специјални случаи, тнр. „енигми” или „истраги” кога во мејл-арт пораката (или во низа пораки) се разоткрива некаква мистерија или шифра која понекогаш значи, на пример, само откривање на контакт-адресата, но понекогаш богами шифрите носат прилично дубиозни уметнички пораки (постои еден генијален „поштенски“ роман на мистериозни­от американски писател Томас Пинчон, „Објава на бројот 49“; самиот роман можеби и (не!?) може да се смета за мејл-арт, но во секој случај тој е инспирација за многу мејл-уметници).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Генијален штос! Се кладам дека сте биле барем малку разочарани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Всушност, кога Јан Ван Ајк би сликал и со урина и измет, резултатите би биле исто така генијални, но паметниот Јан ван Ајк и брат му Хјуберт ги користеле своите најдобри можности - и гледај ги тие фантастични ремек дела во кои ингениозноста на шармот се натпреварува со генијалната длабочина на идејниот контекст на тие умови...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Движењето на младите беше придвижено од страна на генијалниот детски психолог кој ги подучуваше двете повоени генерации родители да ги хранат своите деца кога тие ќе побараат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Маркс со својата генијална мисла им го покажа спасоносниот пат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Идејата за атеистичките музеи зачна во генијалниот ум на Ленин, но нив ги одржа и спаси, како и самата револуција, генијалниот Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И создал дело хаотично, сигурно не совршено, но сепак генијално.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како да се проследат тие сите, како да се подредат, да се изврши правиот избор, за да не испадне просто смешен тој негов генијален потез, една обична очајничка непромисленост, А и времето што го има на располагање е толку кратко!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потајно насетувам дека бесот, со кој тргнал кон Виена, е всушност насочен кон тамошниот стар психоаналитичар: бидејќи тој е неговиот вистински и главен непријател, философ кој ја раскринкува неврозата, голем разбивач на заблудите, некој кој знае што е што и добро ја познава изворната генијалност.’“ Потоа го остави написот на масата, и рече: „Со колку суптилна иронија Ман го напишал ова!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Умереност преточена во генијална изведба на контраверзниот интелект.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе