даночен прид.

даночен (прид.)

Набожни, озлобени, додворливо наведнати пред власта, иако многумина од нив луто ја мразеа нејасно и потајно барајќи нешто што не ќе е вака - жандармско, даночно, грабливо, нешто што ќе е без тешки потковани чевли под чии клинци тие се виткаа со бавност на црви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Печурките ми личеа на мали луѓе со шапки, дебелата жена на даночниот инспектор, до нас поклопена со широка шапка од жолта слама, - на голема печурка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој и самиот не знае каде припаѓа според квалитетот на своите творби, дали да прифати да биде на список на некој ад хок приватен галерист кој работи на ситно и на црно (приватните галеристи во Македонија нужно се детерминирани во својата работа од нерегулираниот даночен систем, поточно на сѐ уште нерегулираните даночни олеснувања за вложување во откуп на уметнички дела) или да очекува некое општествено признание и државен откуп.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Предизвикани од шаолинските звуци што ги испушта Мистер Том, од соседниот стан излегува цела една кинеска колонија: прв ѕирнува младиот даночен инспектор Џианхонг, а по него и неговите стари родители (кои веќе шести месец глумат дека се дојдени во кратка, викенд-посета на синот во Америка).
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија.  Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да живеат даночните обврзници. Да живее народот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Младич облечен ко даночен советник во Baker& McKenzie, со разлабавена кравата и отпетлана кошула, се загледува преку стаклото во нас и почнува возбудено да гестикулира.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Француската Источна армија, во 1914 година во блискиот град Корча, пред сѐ, од стратешки воени причини, ја зазеде Корча и тука формира мала Корчанска република, посади преку ноќ мали европски институции во доменот на администрацијата, судството, здравството, даночната политика, по зазор на француските институции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веќе и неоспорен факт е дека странските инвеститори и покрај сите бенефиции, субвенции и даночни ослободувања кои го добиваат од државата, исплаќаат пониска плата на своите работници во т.н. „слободни економски зони“, споредено со приходот кој го добиваат останатите работници во земјата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Мичигенскиот огранок на Американското здружение за семејни вредности наводно собрал 15 000 потписи на петиција со која се повикуваат „гувернерот Енглер, законодавецот и Одборот на повереници на УМ да сторат сѐ што е во нивна моќ да ги спречат вработените во УМ да ги користат парите на даночните обврзници за врбување студенти тинејџери во предмет чија изнесена намера е да „експериментира“ со „иницијацијата“ на студенти во високоризичен животен стил на хомосексуално однесување кое е неморално, незаконско и кое претставува сериозна закана за личното и за јавното здравје“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гери Глен, кој порано работел за една антисиндикална организација, Комитетот на Ајдахо за слобода во работењето, како и за Сточарското здружение на Ајдахо, и кој еднаш неуспешно се кандидирал за место во Конгресот на САД откако беше републикански комесар во Бојс, во 1998 година се преселил во Мичиген за да лобира за даночно кредитирање на школарината за избрани универзитети, кое потоа гласачите не го изгласаа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)