експонат м.

експонат (м.)

Иако светската изложба е замислена како место на кое на секој чекор и во секој експонат треба да се согледа современата човечка култура, цивилизација, наука и технка, многу од приредувачите намерно не се придружувале кон овој принцип, настојувајќи што повеќе да внесат и од она што може да се види и доживее на секој обичен панаѓур.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На Изложбата можеа да се видат и мртви и живи експонати...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со свои експонати беа претставени најкрупните производители.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Моите очи останаа живи само за ток експонат во гробницата на ненужните стари мечови и наџаци, кубури, клопотарци, икони, лажни Буди и Шиви, црковни книги, евзонски носии, светогорски бројници, сребрени пехари и фајански ламби, кандила, беговски чибуци, во тој калеидоскоп во кој вчерашното време умрело под 'рѓата на механизмите на секаквите дрвени и порцеланени часовници и го нема зад правливоста на старите огледала тоа време од кое испариле и кросниците и творците на сета излитеност. Рубина - но дали Фаин?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Една од најголемите простории на најгорниот кат на Палацо Граси беше искористена за изложување на Дишановото „вализе“ и голем број оригинални слики репродуцирани во оваа комплицирана и прецизна збирка, обесена по ѕидовите што го опкружуваат експонатот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Изложбата во Палацо Граси не ќе беше можна без потполната соработка на мадам Дишан, која се заинтересира и во последен момент издејствува позајмици на некои од најважните експонати на оваа изложба.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Експонатите од сите музеи треба да бидат поврзани во „дијалектичко единство”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во еден експонат прикажана е на една поголема географска карта пругата која води од Тирана до Поградец, изграден од илјадници работници, војници, млади и стари.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Напати, рамнодушен пред музејските експонати, се прашував дали заслужува поголем разглоб оваа брутално и организирано раскажана глупост.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во централното место на колекцијата беше експонатот за патот на јагулите, од Езерото до Саргаското Море и назад, со макетата на далјанот, со препарираните јагули, фатени на заминување и враќање, со сите показни индикации за нивната миграција.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За спасувањето на колекцијата најголема заслуга имаше Цветан Горски, кој успеа во годините на фашизмот, со блиските на Игора Лозински, да ги спаси драгоцените експонати и по војната да ги оживее во единствен Музеј во светот и на Балканот. Но, тоа не би лесно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Правоаголното бело плико сепак не би го ставал таму како експонат на перформансот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Всушност стануваше и премногу очигледно дека Грофот ми приредува изложба на експонати кои треба да го поддржат неговото тврдење дека во овој свет на недоречености сè е привид а нашата вистина за жал е само илузија или лага од која тешко ќе се извлечеш ако ја преценуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И додека со огромна љубопитност ги разгледуваме изложените експонати, внимнаието ни го одвлече појавата на телевизискиот екран на знакот на солунскиот ТВ канал и најавата дека ќе биде емитуван документарен филм насловен: “Πρεσπα η καρδια της Μακεδονιας”.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како времето да застанало во собите на хотелот, секоја посебен експонат, со различни шарени цветни тапети, оригинални стари делови од намештаи, меки килими секој со различни мотиви и шари, големи и удобни кревети.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Иако личеа на музејски експонати тие и понатаму успешно можеа да ја вршат својата функција.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега сите што читаат весници знаат дека некој си полжав од арапско потекло цели четири години бил мртов експонат во еден лондонски музеј, па кога случајно го испрскале со вода почнал да го грицка картончето на кое бил поставен.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Старите пијана и гитари стануваат музејски експонати.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Собата од висока класа со два телевизора, кои, нормално, не работат, и експонат од радио без гајтан. Светилката виси. И работи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Механизацијава која наликува на музејски експонати јасно кажува дека ова било современо и напредно домаќинство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе