ембрион (м.)

Зарем е можно, ќе се запрашам, бившиот твој соборец, револуционер да стане ембрион?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Фантазирав, затворен во собата како ембрион во плацента – магличавите слики низ кои се провлекуваше нејзината силуета, се враќаа од некој дамнешен, затворен сон.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Овде тато повторно се налути - божем, тоа уште не може да се нарече раѓање, тоа уште не е човек туку е половина ембрион и дека е потребно или да се втурне назад, или да се смести во инкубатор.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Синовите на Густав Климт гледаа во својата тетка како лежи, во склопчена положба како фетус, со безизразно лице како ембрион.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мојот ум повторно прави сепарација од ембрионот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Иако во времето кога го поднесувале извештајот „правните надлежности на АВНОЈ (и на Националноослободителниот комитет) сè уште не се јасно дефинирани“ и „сѐ уште не се зацртани границите меѓу регионалната Влада и централната власт“, тие сметале дека „би требало да се очекува, централната Влада да има неограничена власт, а регионалните влади сѐ уште се ембриони не само по форма туку исто така и во однос на власта. ‘Прашањето за федерацијата’, ќе напише Тито, ‘им е познато на многу наши граѓани единствено како израз –‘федерација’– кој претставува нешто подобро отколку она што беше во стара Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)