загргори св.

загргори (св.)

А од друга страна, пак, ќе набујат тревите, ќе блеснат лисјата, ќе се освежи воздухот, ќе бликнат цвеќињата, ќе загргорат поточињата, ќе подивеат пченките, ќе набабрат компирите, ќе ни се згои добитокот, млеко ќе потече...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чекајќи да загргори водата во садот мислата му избега.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И нова беља. Вклучувам, моторот загргори и онеме. Пак и пак и нејќе да запали.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)