зададе св.
зададен прид.

зададе (св.)

Погледот ровја му беше, а ударот гигантски задаван назад и напред — смрт за Албанецот грешен.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се задале сватовите од под село да идат: нункото напред со ургулицата в рака, по него зетот и сите сватови, свирејќи со гајдата и фрлајќи пиштоли дошле во Божинови дворови.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога на портата се зададоа нунката, Митра и Гуца, — на Доста срцето ѝ затропа силно: — „Како ли ќе си го викам анѓелчето мое?“ — се праша сама и се прави небарем не ја возбудува тоа прашање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука се сите чупи, невести, па и баби. И кога, кога Митра Сукалова се зададе одгоре со новата јатрва, на чешмата стана џагор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Крсташ орел се зададе откаде Пуловец и прелета над Трибор за да падне некаде по Раец, Раково или Дунското.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие мисли беа слаби да им зададат некаков страв на властодршците од големата и силна Отоманска Империја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Низ набујалите од плод и зеленило овошни градини, се зададе бесна ала со широко размавтана сина антерија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да, ене ја, се зададе и лисицата. Се озабила, се разбеснала, трча по зајачето и сигурно наскоро ќе го фати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кајмакамот седнува, потоа вели: Ќе ти зададам три прашања: ако одговориш, ќе те пратам на царски лицеј во Стамбол.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неговото тело свикнуваше да прибере само толку сили, за уште еднаш да се зададе во уште еден залет на тоа пеколно пробивање, превиткувајќи се и цепејќи го тесниот премин низ сета непроодност на сивиот ѕид на угорницата, по која пред неговиот поглед почнаа да му се испреплетуваат и некакви синикави кругови, недофатливи, ужасно изгаснати и вртоглави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По улиците се зададе мало дете. Облеката му беше искината.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ослободен малку од грижата да го рине снегот, ослободен и од стравот што му го задаваа волците, момчето почувствува потреба и да се среди малку, да се сврти кон себе, да се измие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се премислија кога веднаш по него се зададе друг човек како води магаре без самар.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од оздола се зададе човек со нарамник мисериште. Него ќе го запрат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вечерта, уште во муграта навртоа долу Дуков Рид и седнаа над лат во царевката на Мијаковци, бидејќи слушнаа глае одзад нив. Не поминаа ни петдесет минути, се зададе човек со две магариња сено товарени.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само, нека дојде стрико Куле. — предложи Толе и погледа долу долот. Не помина ни саат два, по нивните дири, горе долот, се зададе човек со наметната сакма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоше и Милан влегоа во растот, се поздравија и со другиот четник што беше на стража и побараа да ги одведат веднаш кај војводите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нему му е умот во друга севда зададен.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе се зададе озгора, како запалено клапче грмотрн, ќе се тркала, ќе се зголемува и ќе гледа кон селото, кон сретселото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се зададат од некаде, ги гледам се држат за раце и ме гледаат како да не ме познаваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе