задише св.
задишан прид.

задише (св.)

Штом го допи, издивна и се задиши како кога човек ќе се искачи на некој висок рид, но сепак радосно и гордо им рече на другарчињата: - Деца, испив десет шишиња!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Арсо се задишува. - Би му ги искорнал дамарите на секој, со заби и нокти, кој би му попречил.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Важно беше да се продолжи да се гази внимателно и да не се заздишува и да се остане присебен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега беше многу потешко да се чекори, при секое пречекорување пропаѓаше до половината во тој мек снег, беше заздишан само по првите стотина чекори, но тоа беа правилата на таа игра и она, што можеше досега да оди по дирата, беше само една олеснителна околност за него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Поголем срам и понижување за нашата куќа не може да има - викаше татко му на Хелвиг, задишувајки се од лутина.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И постапија мудро – таткото беше оперски пејач, а помошта од еден грлат човек беше повеќе од потребна. Тој задишан влезе во собата за породување и започна гласно да пее арија од операта „Кармен“. Пееше прекрасно.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)